
Ден на лебот во знакот на хуманоста
По повод „Денот на лебот“ и во рамките на „Неделата на борба против гладта“, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Радовиш, во соработка со „Жито Лукс“ АД Скопје, реализираше убава хумана акција за поддршка на семејства во потреба. ![]()
Благодарение на донацијата од 500 лебови, обезбедени од општествено одговорната компанија “Жито Лукс“, околу 200 домаќинства во Радовиш и околината добија топол леб и порака дека хуманоста нема граници. ![]()
![]()
Нашите волонтери и вработени, со насмевка и голема посветеност, ги доставија лебовите таму каде што е најпотребно — носејќи топлина, внимание и љубов во домовите на луѓето. ![]()
Голема благодарност до Zito Luks/Жито Лукс за поддршката и довербата.
Заедно правиме добри дела што греат срца! ![]()

< врати се назад

























