
октомври 20, 2025
Едукативна еко-активност со најмалите
Во склоп на програмата „Зелен волонтеризам“, на 17-ти октомври, еко-едукаторите на ЦКРСМ – Општинска организација Радовиш, одржаа едукативна еко-активност со најмалите еко-херои, првачињата од ООУ „Никола Карев“ Радовиш.
Тие научија како правилно да го сортираат и рециклираат отпадот, зошто е важно да се грижиме за природата и како со мали чекори можеме да направиме голема разлика за нашата планета.
Малите насмевки и големата желба за учење ни покажаа дека еко-свеста започнува уште од најрана возраст.

< врати се назад

























