
Kрводарителска акција
Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј ЖИВОТ.
Факти за крводарувањето:
– Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
– Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
– Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
– Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
– Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
– Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
– На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
– Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципација
Наредната акција ќе се одддржи на 10.12.2024 година (вторник) во просториите на ОО Црвен крст Радовиш со почеток од 09:00 до 15:00 часот.
< врати се назад