
јуни 26, 2025
Летна младинска програма – период: јуни-август
Клубот на млади при ООЦК Радовиш за периодот од јуни до крајот на август изработи летна програма која ја нарекоа летно патување. За секој волонтер кој сака да учествува во летното патување добива волонтерски летен пасош и после секоја активност добива стикер. На први септември ќе се пребројат стикерите и ќе се прогласи најактивниот волонтер на летното патување. Дојди и придружи им се и ти!

< врати се назад