ноември 28, 2024

Недела на грижа на старите лица

Црвен крст на Република Северна Македонија од 21 до 28 ноември секоја година традиционално ја одбележува Неделата на стари лица, оваа година под мотото ,,Сите сме нивни деца” со цел да се подигне свеста на населението за правата на старите лица, како и потребната грижа и помош на старите лица.

По тој повод на 27.11.2024 година, волонтери од Клубот на млади при ООЦК Радовиш беа во посета на Acтреон Дом за стари лица / Astreon Dom za stari lica каде имаа можност да плетат заедно со корисничките на центарот, ја китеа елката за Нова година и од страна на ООЦК Радовиш добија подароци рамки со слики кои претходно беа направени заедно со корисниците на 1ви октомври- Меѓународниот ден на старите лица.

Tags: , ,
< врати се назад