октомври 20, 2025

Недела на борба против дијабетес

Како и секоја година, така и оваа, Општинска организација на ЦКРСМ Радовиш активно се вклучи во одбележувањето на Неделата на борба против дијабетес која трае од 10 – 16 октомври 2025.

Овогодинешната тема е„Здрави животни навики во превенција на дијабетес“.

Па, во соработка со ЈЗУ Здравствен дом Радовиш, на 16-ти октомври беа организирани мерења на шеќер во крвта и крвен притисок во просториите на Здружение на пензионери на општина Радовиш и Конче.

Целта е да се подигне свеста за важноста на превенцијата, раната детекција и здравиот начин на живот. Со мали, но значајни чекори – можеме да направиме голема разлика!

Tags: , ,
< врати се назад