
октомври 20, 2025
Несебична донација на храна од СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш по повод Светскиот ден на храната
Голема благодарност до сите ученици вклучени во проектот „Access“ за нивната иницијатива и хуманост, како и до сите вработени и ученици од СОУ Коста Сусинов – Радовиш кои активно се вклучија во собирната акција и донираа храна по повод 16 Октомври – Светски ден на храната.
Оваа активност е дел од Неделата за борба против гладта, која традиционално се одбележува во рамките на ЦКРСМ – Општинска организација Радовиш.
Ваквите ученички иницијативи се силен пример за солидарност, хуманост и заедничка грижа за подобро утре. Ви благодариме што покажавте дека младите можат да бидат двигатели на позитивни промени!

< врати се назад

























