октомври 2, 2025

Одбележан Меѓународниот ден на старите лица – 1 октомври

Црвениот крст на Република Северна Македонија и оваа година се вклучува во одбележување на 1 октомври – Меѓународен ден на старите лица, назначен од страна на Генералното собрание на ОН во 1990 година.

Оваа година темата е „Застапување за здраво и инклузивно стареење“. 👴🧓

🤝Црвениот крст на РСМ активно придонесува во напорите на институциите за остварување на правата и заштитата на старите лица.

По тој повод, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Радовиш организира едукативно предавање за правата на старите лица, на дел од личните асистенти и негователи.

Предавањата имаат за цел унапредување на вештините и знаењата на негователите и личните асистенти и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во Општинската организација на ЦКРСМ – Радовиш.

Tags: ,
< врати се назад