
октомври 14, 2025
Отворен ден во рамки на Недела на млади 2025
На 06.10.2025 во СОУ Коста Сусинов – Радовиш беше одржан отворен ден кој беше исполнет со дружба, насмевки и многу позитивна атмосфера.
Средношколците можеа да се запознаат со работата на Црвен крст, поточно работата на Клубот на млади, при што поставени четири катчиња: катче за дисеминација, катче за прва помош, катче за друштвени игри и катче за освежување. Клубот на млади ги промовира клучните аспекти на младинското работење, но и забавата, дружбата и незаборните моменти кои се пропратни во работењето.
Погледнете го видеото и фотографиите и осетете дел од атмосферата.

< врати се назад

























