
Светски ден на првата помош 2025
![]()
Светски ден на првата помош 2025 – Да бидеме подготвени!
Бури, топлотни бранови, пожари… климатските катастрофи доаѓаат без најава, но ние можеме да се подготвиме. Првата помош значи брза реакција, заштита и спасување животи пред да пристигне службата за итна помош.
Денес, 1,47 милијарди луѓе се изложени на поплави, а топлотните бранови ја зголемија смртноста кај повозрасните за 167% во последните 30 години. Овие бројки потсетуваат дека знаењето прва помош е неопходност – за нас, за нашите семејства и за нашите заедници.
Замислете ако секое училиште, секоја компанија и секој дом има барем едно обучено лице по прва помош. Визијата 2030 на Црвениот крст и Црвената полумесечина е токму тоа: свет во кој секој може да помогне и да спаси живот.
По повод Светскиот ден на првата помош, денес (12.09.2025) во СОУ „Коста Сусинов“ се одржа обука и практична работилница со учениците од трета година, кои се здобија со важни вештини за справување со итни состојби предизвикани од климатските промени.
Сите имаме улога! Учењето прва помош е инвестиција во побезбеден, поотпорен и пообединет свет.
#SavingLivesInAChangingClimate





























