ноември 14, 2024

Трибина и предавања по повод Меѓународниот ден на дијабетес

По повод Меѓународниот ден на дијабетес, Ве покануваме да ни се придружите на трибина посветена на превенција на дијабетесот.

На трибината, доктори и медицински сестри ќе одржат предавања и ќе споделат корисни информации за начини на превенција, рано откривање и правилно управување со дијабетесот. Ова е одлична можност за сите заинтересирани да се информираат и активно да учествуваат во дискусиите.

Ве охрабруваме да бидете дел од оваа значајна иницијатива, да научите повеќе и да придонесете кон подигање на свеста за оваа болест.

Tags: , , , ,
< врати се назад