ноември 7, 2025

ТРИБИНА: Превенција од болести на зависности во СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш

На 04.11.2025 во просториите СОУ Коста Сусинов – Радовиш се одржа едукативна трибина на тема превенција од болести на зависности, по повод месец ноември – месец на борба против болести на зависности, со цел подигнување на свеста и информираноста кај младите.

Свои професионални излагања имаа: Д-р Весна Пешева Јанковски, Виолета Србакова, училишен психолог и Невенка Шароњев, помлад инспектор-водич на безбедносен реон при ПС ОН Радовиш.

Присутните имаа можност да слушнат за ризиците, последиците и превентивните механизми од областа на медицината, психологијата и безбедноста, притоа добивајќи стручни совети од релевантни лица.

Дополнително, нашиот врснички едукатор одржа кратко излагање на истата тема, по што следеше интерактивна активност „Мит или Факт“, која поттикна динамична и конструктивна дискусија меѓу учениците.

Настанот беше реализиран на иницијатива на учениците вклучени во проектот „ACCESS“, а присутни беа и претставници од Средношколската унија.

Со вакви активности континуирано работиме на создавање здрава и информирана младина, подготвена да донесува свесни и одговорни одлуки.

Tags: , ,
< врати се назад