септември 30, 2025

Завршен настан – ЦКА-ПХВ циклус 2025

На 27.09.2025 година (сабота), во просториите на Општинска организација на ЦКРСМ Радовиш се одржа финалниот настан од овогодинешниот ЦКА-ПХВ циклус. Во рамките на ПХВ неделата (21–27 септември), младите учесници од нашиот град ги претставија своите пет успешно реализирани проекти, преку кои покажаа колку креативноста и тимската работа можат да придонесат за подобра заедница. 🌱✨

На присутните им беа претставени резултатите од секој проект, а младите имаа можност да раскажат дел од своето патување низ овој циклус – предизвиците, учењето и новите пријателства.

Во знак на благодарност за нивниот труд и вложена енергија, на сите учесници им беа доделени благодарници. Настанот беше исполнет со топла атмосфера и младински дух, а сите заедно заклучивме дека ваквите иницијативи се вистинска инспирација и мотивација за иднината.

Големо браво и искрена благодарност до сите млади кои беа дел од ПХВ циклусот 2025 во Радовиш – вие сте доказ дека малите чекори создаваат големи промени! ❤️

Tags: , , , ,
< врати се назад